Идентификувани се сите 14 загинати во автобуската несреќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Завршена е обдукцијата на сите 14 загинати од вчерашната трагична автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Ова е листата на трагично загинатите, од кои седум починале на лице место, а останатите во медицинските центри во земјава каде што им подлегнале на повредите, пренесува „Макфакс“.

Павле Костоски – магистрант на Правниот факултет, вработен во Организацијата на потрошувачи на Македонија

Онур Садику – 19 годишен студент на Медицинскиот факултет во Скопје

Бобан Аврамоски – 22-годишен студент на ФОН

Јовица Трпевски – 25 годишен, кошаркар и син на пратеникот Благоја Трпевски

Зоран Давидоски – 37 годишен, вработен во Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Трпана Јовановска – пензионерка од Гостивар

Реметула Абдурахими – вработен во Центар за образование на возрасни

Ајден Исмаили

Арсен Арсоски – вработен во Македонски железници Гостивар

Есад Емрули

Валдете Хамити од Дебреште, мајка на 2 деца

Бесим Фетаи од Врапчиште

Бејза Музеири

Дејан Ристески – вработен во Народната банка

Фото: Макфакс