2020 Ford Police Interceptor Utility – најбрзиот полициски автомобил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со максимална брзина која може да ја развие од 240 км/час и погон на сите четири тркала, мотор 3.0 EcoBoost V6, 2020 Ford Police Interceptor Utility на американскиот автомобилски гигант ќе биде најбрзиот полициски автомобил.

Токму моќниот мотор и погонот на сите четири тркала, овој полициски автомобил го прави најмоќен од неговиот вид. Од Ford, иако не откриваат конкретни бројки, тврдат дека овој модел ќе биде полициски автомобил кој најбрзо ќе развива од 0 до 100 км/час.

Полициските станици во САД веќе можат да го порачуваат, но доставата ќе почека до следното лето, бидејќи првите модели ќе бидат испорачани дури тогаш.