2020 е престапна година – неколку факти поврзани со фамозниот 29 февруари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Една сончева година (т.е. време кое е потребно нашиот вселенски дом, планетата Земја, да го обиколи Сонцето), трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Тие додатни 5 и нешто часа, за кои никој не сака да зборува, се причината поради која имаме престапни години во календарот.

Годината со 366 дена, која календарски се појавува на секои 4 години, предизвикуваат социјални појави како запросување на мажите од страна на жените и прават прославите на родендените за одреден број луѓе да бидат прилично збунувачки.

Но, тоа не се единствените чудни нешта поврзани со фамозниот дополнителен 29. ден сместен во месец февруари.

1. Зошто имаме престапна година и што е тоа „престапна секунда“?

Целта на престапната година е заради прилагодување на грегоријанскиот календар со соларниот календар и обезбедување услови за навремена прослава на соларните настани како пролетна или есенска рамноденица секоја година. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари секоја четврта година не може да осигура целосно точно усогласување поради што научниците често се повикуваат на „престапна секунда“.

Прецизната секунда е време од една секунда кое повремено се применува на координираното универзално време (UTC) со цел да се намали разликата меѓу прецизното време кое го мериме со часовниците и непрецизното соларно време кое варира поради долготрајното забавување на ротацијата на Земјата.

2. Како се знае која година е престапна?

Многу едноставно: Ако последните две цифри од бројот кој ја означува годината се деливи со 4 (на пример: 2008, 2012, 2016, 2020, 2024…), тогаш таа година е престапна. Годините кои го означуваат крајот на еден век се одвоени од ова правило. Тие мора да бидат деливи со 400 за да бидат престапни години. Оттука, 2000 беше престапна, 2400 ќе биде престапна, но 2100 нема да биде престапна година.

3. Зошто жените ги запросуваат мажите токму на 29. февруари?

Откако папата Гргур XIII го прогласил грегоријанскиот календар за важечки во 1582 година, идејата за додавање на 29. февруари на секои четири години се чинела толку смешна, што во британските театри се поставила комедија во која се истакнувало дека жените на тој ден треба да ги заменат фустаните со панталони и да се однесуваат како мажи.

Претставата била означена како сатира, но тогашните феминистки биле инспирирани. До 1700 година жените го користеле 29. февруари за да им предложат брак на мажите. Традицијата, која денес се нарекува „Bachelor’s Day“, го достигна својот врв на почетокот од 1900-те години и продолжи да се практикува до денес во Велика Британија.

4. Раѓање, но и уште нешто

На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на 29. февруари. Веројатноста дека едно дете ќе биде родено на 29. февруари е 1:1.500.

Луѓето кои се родени на овој датум имаат проблем околу одбележувањето на својот роденден, но се случува и некој човек да почине на тој ден. Според Енциклопедијата на светско наследство, во 1800-те, Џејмс Вилсон, по потекло Британец, кој во текот на неговиот живот станал осми премиер на Тасманија, роден е на 29. февруари и починал токму на истиот датум. Вилсон починал на 29. февруари, 1880 година, на неговиот 17-ти роденден, поточно, кога има 67 години според регуларниот годишен календар. Замислете колкави се шансите за да се случи вакво нешто.

5. Попусти на 29. февруари

Во многу земји на 29. февруари се даваат големи попусти во сите трговски центри. Затоа, обратете внимание, бидејќи тоа може да се случи и кај нас, па ќе имате прилика да си купите нешто што сте го сакале по многу поволна цена.