200 милиони години стара стапалка од диносаурус откриена на Антарктикот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во рамки на една научна експедиција која се изведувала на Антарктикот, истражувачите открија фосилизиран отепчаток од стапало на диносаурус чија старост се проценува на околу 200 милиони години.

Отисокот од нога на диносаурус има големина на човечка рака, а му припаѓа на животно од групата архосаури, соопшти во средата германскиот Сојузен институт за геонаука и природни ресурси (БГР) во градот Хановер. За кој точно вид диносаурус станува збор засега не е јасно.

Архосаурите (Archosauria) се главно фосилна група организми (подгрупа), кои, покрај другите, ги опфаќаат и диносаурусите, птеросаурусите (летечките влекачи) и денешните крокодили.

Научниците отпечатокот го откриле во јануари 2016 во севрната област на Викториината земја, но нивните откритија дури неодамна беа објавени во стручниот магазин Полар рисрч.

Коски на диносауруси и претходно биле откривани во јужниот дел на Викториина земја, кажа лидерот на експедицијата на БГР Андреас Леуфер, но во северниот досега ништо не е откриено.

„Тоа беше нешто што не го очекувавме“, кажа тој за фосилизираниот отпечаток од стапалото.

Покрај тоа, научниците откриле фосилизирани остатоци од шуми околу 1.700 километри од Јужниот пол.

„Тоа покажува дека Антарктикот пред околу 200 милиони години бе бил леден континент како денес“, истакна Леуфер.