Home Вебкафе 20 причини зошто треба да излегувате со девојка која пие пиво

20 причини зошто треба да излегувате со девојка која пие пиво

Дваесет причини, колку што има пива во една гајба, зошто треба да излегувате со девојка која пие пиво.

1.Вечерните излегувања ќе ти бидат поевтини. Нема да те тера да ја честиш скапи алкохолни, безалкохолни и коктел пијалоци.

2.Знае како се лапа…устинката од шише пиво.

3.Обично сака да јаде шкембе чорба.

4.Голема е веројатноста да имате повеќе заеднички теми за разговор и интерес отколку со некое чупе кое пие сок од јагода.

5.Стабилна е.

6.Нема да ти замери ако на првиот состанок акнеш пет-шест пива.

7.Ако случајно почнете и да живеете заедно, ќе бидеш раат дека секогаш во фрижидерот ќе имаш ладно пиво.

8.Ја знае разликата меѓу темно пиво, светло, Бадвајзер, Старопрамен и други пива.

9.Знае алтернативни начини за отворање пиво.

10.Копнее и сонува да оди на Октоберфест, а не во Дубаи.

11.Нема ништо против ако имаш пивско меше.

12.За неа ждригањето не е простотилук, туку талент.

13.Секој ден може да вечера пржени компирчиња со сирење.

14.Нема проблем со миризбата на лукот.

15.Секогаш е спремна да мавне по едно пиво со тебе, за да ти прави друштво.

16.Секогаш е спремна да иде на кампување со тебе, за во природа да пивнете по некое пиво.

17.Нема опасност од заведување други машки, сака на раат да си го пие пивото во ноќен провод.

18.Не бара скапи мезиња за со пијачката.

19.Никогаш нема да превртува очи и да те замара со муабети за тоа дали е дебела, добро пицната по најнова мода и слично.

20.Нормално, секое вечерно излегување ќе ви биде нова забавна авантура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубов што му пркоси на времето: Романтичната бајка на Џон Бон Џови и неговата муза Доротеја, раскажана преку 36 рози и 36 години брак

Во светот на славните, каде браковите често траат колку и насловите на списанијата, ретки …