Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмалку 20 проценти пониска сума ќе плаќаат граѓаните во иднина за приклучок на електрична енергија, а поевтина цена ќе плаќаат и компаниите. Ова како мерка доаѓа на предлог од „Електродистрибуција“ – Скопје, а истиот денес беше ставен на дневен ред за разгледување од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
„До сега граѓаните плаќаа по 500 евра за приклучок, а со намалувањето за 20 отсто тоа ќе изнесува 400 евра. Соодветно ќе биде намалена и цената на приклучокот и за компаниите. При тоа се крати и рокот за изведба на приклучокот на 5 до 7 дена“ – изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Тој појасни дека ваквиот предлог се должи на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци.