Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога станува збор за мало дете, мајката и таткото се незаменливи ликови и појави во неговиот млад живот, а нивните улоги, колку и да се слични, сепак се прилично различни.
Но, исто така, нема личност, или релевантно научно истражување, кое ќе пресече дека мајките или татковците се подобри. Секој си има свои адути и улоги, но иако овој текст генерализира, веруваме дека ќе се согласите оти во некои работи мајките се закон, а во други предничат татковците.
Мајките воопшто не треба да се разочаруваат, но во поглед на некои прашања, децата победничкиот поен ќе му го дадат на татковците. Зошто? Бидејќи татковците во некои работи едноставно се подобри. Еве попис на дваесет такви нешта кои, иако нема да ви звучат сериозно, сепак, децата и тоа како знаат да ги ценат и обожаваат.
1. Татковците подобро си играат и вистинско уживање е да ги гледате во таа активност. Освен ако е време за спиење, тогаш татковците знаат и да претераат со малото.
2. Со татковците полесно се пребродуваат ситните повреди и модринки – тато секогаш ги има оптимистичките муабети од типот: „Ништо не е тоа, така сите растат“.
3. Татковците се позабавни во читање приказни. Едноставно не знаат да бидат досадни и сериозни додека не ја прочитаат цела приказна, бидејќи сите ликови треба да имаат различен глас.
4. Татковците се погруби во играњето од мајките, а од некоја причина, децата тоа го обожаваат. Борење во моментот кога најмалку го очекуваат тоа? Вистинска работа во вистински момент!
5. Таткото и риболовот. Не дека мајките не знаат да фаќаат риби, но ќе признаете дека таа активност почесто ја бираат мажите, а рибарењето со тато е одлична причина за малку забава и сериозни разговори меѓу таткото и детето.
6. Таткото и играњето криенка. Додека мајките се грижливи и разумни дури и во играта, тато на своето дете ќе му покаже како да се сокрие и на најскришното место, само играта да биде што позабавна.
7. Таткото и играњето во песок. Можеби мајките прават малку поубави торти и колачи, но децата повеќе се забавуваат со тато кога тој копа подлабоко и повеќе од било кој друг.
8. Со тато се повисоки. И можат да видат сè, бидејќи таткото на драго срце често го става своето дете на рамена и така го шета во било која прилика, на било кое место.
9. Татковците се подобри авантуристи. Поточно, времето поминато со тато, на некој начин, секогаш може да се нарече авантура.
10. Татковците повеќе сакаат спорт. И повеќе сакаат, наместо седење на клупа во парк, да ги соберат и околните деца и да се одигра една партија фудбал или да се прави нешто друго забавно и возбудливо.
11. Кловнови во вода. Во лето радоста и таткото едноставно одат рака под рака. Кој ги видел културно да се брцкаат на работ од базенот кога времето е идеално, наместо да ги расфрлаат децата на сите страни. Во вода е побезбедно и не можат ни да се повредат децата.
12. Кампување со тато. Секое дете заслужува барем неколку пати во животот да оди на кампување во природа, а татковците, ќе признаете, за тоа се цареви без конкуренција.
13. Татковците не се плашат од животни. Поради тоа, подобро ќе им ја приближат на децата љубовта кон природата.
14. Татковците побрзо ја смируваат ситуацијата, додека мајките се објаснуваат на широко и вербално детално го објаснуваат проблемот. Дури и кога детето треба да се искара, тато ќе згрми кратко, ќе направи некоја строга фаца, па детето побрзо и полесно ќе сфати дека е време да престане со своите беснеења.
15. Татковците помалку се замараат со зацртаниот распоред. Додека мајките ќе направат сè за да побрзаат дома, на приемр, бидејќи е време за спиење или јадење, тато некако повеќе и поубаво уживаат во местото и активноста која ја правите, со мотото: „Ќе се наспиеш во животот, а ако си гладен, ќе земеме нешто за јадење“.
16. Мајстори за глупирање. Со кости и маска или без нив. И за тоа мајките немаат некој конкретен приговор.
17. Татковците прават подобро јадење. Бидејќи со тато и цицањето од шишенце е позабавно и поубаво. Всушност, кога тато готви, тоа го прави позабавно и пооригинално од мама, дури и кога станува збор за едно исто јадење. Тато секогаш е покул во тоа.
18. Татковците се подобри научници. Дури и кога нема поим што прави, татковата задлабоченост и решавање на школските и претшколските задачи и проекти е еднаква на најдобрата инспирација поради коа и детето рамноправно ќе ужива во тоа. Во исто време ќе си играат со тато и ќе учат, а таква слобода сериозните мајки веројатно не би знаеле ни да ја ценат.
19. Таткото побрзо ќе ги остави децата некому друг, отколку мајката. Тато побрзо ќе се согласи на кратко да побегне од децата, а за малишаните, како и да гледате и како и да ви звучи, тоа е забавно бекство од реалноста и секојдневието. Посебно кога се малку поголеми, на пример на средношколска возраст. Мама и тато на пат? Одлично!
20. Татковците кои не готват се уште позабавни. Кога децата се гладни тие ги третираат како возрасни, па наместо подгревање на остатоците од јадењето од претходниот ден, побрзо ќе ги однесат на вечера во град.