20-милионски протест премолчен од мејнстрим медиумите – муслимани протестираа против ИСИС


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скоро 20 милиони шиитски музлимани беа дел од еден од најмасовните протести за мир било кога во историјата, но мејнстрим западните медиуми едноставно го игнорираа и премолчиа тоа.

Во еден од најголемите организирани протести во светската историја, скоро 20 милиони муслимани беа дел од движењето за отворен протест против ИСИС, ризикувајќи ги своите животи, патувајќи низ воено погодените подрачја од ИСИС и отворено пркосејќи им.

Овој масовен протест кој несомнено би можел да помогне за ублажување на тензиите кои се создаваат на Запад поради воените дејствија на Истокот речиси целосно е занемарен и игнориран од западните мејнстрим и корпоративни медиуми.

Жени, мажи, стари лица и деца тргнаа кон Карбала во неделата и понеделникот, минатата седмица, на светиот ден Арбаеен, кој го означува крајот на 40-неделното тагување после периодот на Ашура, верски обред кој ја одбележува смртта на внукот од пророкот Мухамед – имамот Хусеин, во 680 година.

Според Independent, масовниот протестен собир му беше оддадена почит на светилиштето од Хусеин и неговиот полубрат Абас, во Карбали, кои биле убиени во бунтот во 7 век. Овој подвиг со бројност од скоро 20 милиони учесници беше направен и покрај опасноста која ги демни од страна на ИСИС.

30-11-muslimanski-protesti1

Како што пренесуваат алтернативните медиуми, речиси 80 луѓе, од кои повеќето аџии кои се враќале од Карбала, биле убиени во последниот напад на ИСИС во тоа подрачје. Од ИСИС изјавија дека шиитските муслимани се одметници и дека поради тоа се цел на нивните крвави напади и кампања, со цел основање на тврдолиниски калифат на областа на Ирак и Сирија.

Нусајеф ал Катаби, кој ја предводи поголемата провинција Карбала, изјави дека за време на неколкудневните протести промаршираа помеѓу 17 и 20 милиони луѓе. Меѓу нив имало околу 3 милиони странци, повеќето Иранци, кои ден претходно ја преминале границата со Ирак.

Храбри мажи, жени и деца маршираа и покрај сознанието дека бомбаш самоубиец од ИСИС се разнесе токму во непосредна близина на Карбала една недела прехтодно. Овој марш во последните неколку години доби двојна цел и смисла – покрај тоа што е марш за Арбаеен, стана и протест против терористите од ИСИС.

„Дојдов пешки од Басра, со сопругата и трите сина. Ова е трет аџилак за нас. Почнавме да пешачиме пред 13 дена и во Карбала стигнавме во неделата вечерта“, изјави протестирачот и аџија Јабер Кадем Калифа, додавајќи дека се моли за оние кои се борат против џихадистите. Според Independent, организаторите на овогодинешниот марш во Велика Британија претходно говореле за својата фрустрација поради недостаток на известувања од мејнстрим медиумите за ова случување.

„За жал, некои медиуми ја објавија оваа приказна, но акцентот го ставија на поделеноста на муслиманите. Ако група муслимани прават нешто добро, тое не се спомнува или не се става во религиозен контекст. Но, ако некој прави нешто лошо, тоа е на насловна страна и верата е истакната во прв план“, вели за Independent Мохамед Ал-Шариф, волонтер на минатогодишниот марш.

Многу приказни за муслианите во САД кои ги објавуваат корпорациските медиуми се оние кои поттикнуваат на поделба и раздор. Кога муслимански херој спасува стотици животи со скокање врз бомба – случај што се случи оваа година, мејнстрим медиумите тоа го игнорираат и премолчуваат.

Начинот вистински да се порази ИСИС е еден – пружање отпор на стравот кој тие го наметнуваат и покажување на диверзивни тактики, велат учесниците. Мораме на ИСИС да им покажеме дека толеранцијата и слободата се далеку помоќни од фанатизмот и омразата, порака која е упатена со дваесетмилионскиот протест кој западните корпорациски медиуми го премолчеа, додаваат тие.