20-ката од ФК Саса оди за претседателот Пендаровски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


При вчерашната посета на Македонска Каменица по повод Денот на рударите, македонскиот претседател Стево Пендаровски се сретна и со раководството и фудбалерите од фудбалскиот клуб Каменица Саса.

Пендаровски од раководството на ФК Каменица Саса доби на подарок дрес со број 20 на кој стои и презимето на претседателот. Иако токму вчера Саса играше куп натпревар против Вардар, сепак претседателот немаше можност да присуствува на натпреварот кој домаќините го загубија со убедливи 5:0.