Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сите грешиме и никој не е совршен, ниту па сме се родиле со знаење како да се биде најдобар родител на светот.
Тоа е факт, но многу е важно кога некој ќе ви даде совет во врска со родителството, не го ингорирајте тој совет. Нашите навики и грешки кои ги правиме несвесно навистина може да остават долгорочни последици. Дури и кога нам ни изгледа дека „не е тоа ништо страшно“.
Според американскиот психолог Мајк Леари ова се типични грешки кои може да направат последици:
Им давате на децата преголем избор
„Душо, го сакаш ова или пак ова?“ Не, децата сакаат нешто трето. Многу родители сметаат дека голем избор е добар за децата. Но факт е дека во многу случаи не им треба избор, вие мора да бидете во некои ситуации нивен „водич“.
Премногу пофалби за се што ќе направат
На пофалбите лесно ќе се навикнат, па затоа избегнувајте да ги фалите за секој чекор или се што ќе направат. Со тоа само ќе влијаете врз подоцнежната потреба од мотивација. Понатаму можеби лошо да се чувстуваат поради тоа што нема да добиваат често пофалби.
Се трудите да ги усреќите секогаш и секаде
Задача на детето е да научи да се усреќи самото себе, а не секогаш да чека тоа да бидете вие. Секој ден нова играчка, исполнување на секоја желба и слично, можеби не е најдоброто нешто што ќе го направите.
Премногу им попуштате
Со тек на време нивна цел ќе стане она што ниеден родител не го сака. Колку повеќе им угодувате и им попуштате нивте барања ќе растат. На крај тоа ќе излезе од контрола, а тогаш е веќе предоцна.
Активното дете, пробувате уште повеќе да го активирате
Доколку детето паралелно е принудено на неколку активности, мислејќи дека со тоа ќе го потполните максимално неговото време. Но, тука е и проблемот, со тек на време детето ќе изгуби волја не само за прекумерната активност туку воопшто за целокупната. На активните деца потребно некогаш да им дадете и простор за досада.
Го сметате за премногу паметно
Бидете реални, некои родтели често своите деца ги фалат секаде каде што ќе стасаат. Ги сметате децата за умни глави само затоа што сами пошле во тоалет и слично. Не е лошо да бидете мотиватор за детето, но преминувањето на границите лошо ќе се одрази. Детето со тек на време ќе мисли дека само тоа е паметно, а сите останати не се.
Верба и идеологија од мали нозе
Родителите често мислат дека со рано изучување на верата и идеологијата децата ќе се усмерат на вистински пат уште од мали нозе. Но децата се многу мали за да сфатат такви прашања, прво мора самите да се истражат па потоа светот околу нив.
Молчите за табу темите
Доколку пред детето не разговарате за овие теми тоа не значи дека детето ќе ги заобиколи. Затоа наместо да бидете конзервативен, треба да се разговара на овие теми. Доколку вие не разговарате за тие теми детето ќе го побара одговорот на некое друго место, а тогаш може да биде и погрешен.
Премногу ги казнувате за грешките
Не е добро да ги пофалите за секоја ситница, но исто така не е добро да се биде премногу строг. Сите ние правиме грешки, а поготово децата. Мора да се биде критичен во разумна граница. Кај децата преголемата критика може да доведе до откажување, а не подобрување. А вашата желба за перфекција, ќе се насочи кон сосема друг правец.
Посрамување, игнорирање, закани
Додека некои родители грешат со „благ“ пристап, попуштање и пофалби, други пак одат вон границите. Го одгледуваат детето со методи кои се темелат на посрамување, игнорирање, закани. Ни едниот ни другиот пристап не се коректни. Во одгледувањето на детето мора да се балансира. Мора да се најде „златна“ средина, само таа ќе донесе одличен развој за детето, не смее да се оди во екстрем.
Ги терате на работи кои не се карактеристични за нивно време
Ова се случува во семејствата кои имаат неколку деца. Па така оние постарите ги оставаат да ги чуваат малите. Но тоа е грешно, затоа што детето се уште е мало самото себе да се пази и чува. Тоа е голема обврска за нив, и може да има лошо влијание врз нив и останатите деца.
Не им го ограничувате времето пред екранот
Доколку децата би можеле да одраснат без сите тие силни екрани, сигурно ќе бидат поактивни, креативни, и ќе размислуваат со своја глава. Но, во денешно време тоа е тешко да се избегне, па затоа барем ограничете го времето, најдете некоја оптимална граница.
Не им дозволувате на децата да се досадуваат
Жал ви е да ги гледате како се повлекуваат и не знаат што да прават со себе. Тогаш пробувате да ги забавувате, но сите психолози тврдат дека досадата е добра работа. Со тоа ќе се зголеми нивната креативност, и самите ќе може да си смислат забава.
Ги штитите од сите негативни последици
Се повеќе родители на децата им овозможуваат она што тие го немале во младоста. Им подаруваат се што ќе посакаат. Но, секој од нас треба да го почувстува реално светот. Секој од нас мора да научи да губи, за да ги цени работите во својот живот.
Не им дозволувате да играат различни игри
На децата им дозволувате да играат само на безбедно игралиште, вие ги бирате децата со кои ќе игра и слично. Докажано е дека таквите деца, нема да бидат супериорни како што сметате. Тие ќе станат несигурни во друштвото, помалку спремни на ризици, затоа треба да им дозволите и тие да направат избор.
Не покажувате интерес
Пред спиење, за време на вечерата или некое друго погодно време треба да биде резервирано за разговор со детето. Мора да се стекнете со таква навика, тоа ќе го ослободи од мислите кои му се мотаат низ глава, а и вие ќе бидете запознаени.
Не читате приказни за мали деца
Колку и да сметате дека тоа е губење време и само прелистување на страници, тоа позитивно влијае во развојот. Тоа кај детето ќе создаде желба за читање, а подоцна таа желба ќе се претвори во навика.
Им ја земате цуцлата препрано
Можеби вие сметате дека детето е големо, но тоа мора да одлучи само. Оставете го тоа само да ја остави кога ќе биде спремно за тоа. За него таа е голема утеха, и негативно ќе влијае во развојот доколку тоа го направите присилно.
Лесни удари и откако ќе наполни 5 години
Тоа е добро кога детето не разбира што му зборувате и додека носи пелени. На тој начин со нежни удари може да му кажите што не е добро. Но, удари и после 5 години, за детето се трауми кои долго остануваат.
Ги храните само со тоа што тие сакаат
Не е важно детето детето во секој оброк да ужива, мора да го храните со разновидна храна, па дури и да не го сака тоа. Мора да изградите кај него добри темели, со што подоцна лесно ќе може да практикува здрава исхрана.