20 години чекаше смртна казна на која беше неправедно осуден – сега ќе му исплатат 1 милион долари обештетување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џо Д’Амброзио помина 20 години во затвор исчекувајќи го извршувањето на смртната казна на која беше осуден откако беше лажно обвинет за убиство. Сега, како оштета за претрпеното, ќе добие еден милион долари.

Во понеделникот, 30 август, Одборот за контрола на државата Охајо едногласно гласаше за обештетување на Џо Д’Амброзио, кој помина две децении на смртна казна поради погрешно изведување на правда.

Човекот беше уапсен под обвинение за убиство што се случи во 1988 година. Иако истрагата немаше докази дека Д’Амброзио бил присутен на местото на злосторството, тој и уште двајца осомничени се приведени. Еден од нив сведочеше против Д’Амброзио во замена за 12-годишна затворска казна, и тој беше осуден на смрт.

Во 2006 година, започна прегледот на случајот, при што беа откриени повеќекратни прекршувања. Во 2011 година, федерален судија ги отфрли сите обвиненија против Д’Амброзио, но Охајо ја обжали одлуката. Човекот беше ослободен дури во јануари 2013 година, откако помина 20 години на смртна казна.

И покрај одлуката на судот, обвинителот на округот Кујахога во Охајо, Мајкл О’Мали инсистираше до јуни 2021 година дека Д’Амброзио е законски осуден и дека првичното сведочење е доволно за осуда.

Џо Д’Амброзио ќе добие надомест од Државниот фонд за незаконско лишување од слобода, кој беше создаден во 2019 година за да надомести невини осуденици и тоа 1 милион долари.