2.700 евра ја делат Ирина од можност за настап на Олимпијада во 2020 – институциите и фирмите глуви


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само 2.700 евра се потребни за 14-годишната Ирина Јованска од Прилеп да си го оствари нејзиниот спортски и животен сон, на толку рана возраст да настапи на меѓународни натпревари и да учествува на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Јованоска 4 години по ред е државен првак на Македонија во стрелаштво, дисциплина на 10 метри со воздушна пушка. Но бидејќи нема соодветна пушка за настап на меѓународни натпревари, од кои најефтината чини само 2.700 евра, таа не е во можност да го надградува својот талент.

„Оваа пушка ми е потребна за да излезам надвор од државава за да можам да се занимавам со стрелаштво пошироко, затоа што оваа пушка што сега ја држам ми е само за во државава и се занимавам само со национална програма, а новата пушка ми е потребна за меѓународна програма и се надевам дека ќе можам да заминам и на Олимпијада“, вели Ирина Јованска, стрелец.

Со стрелаштво се занимава 7 години, денес е вистински професионалец, за жал на кого државата не му овозможува никакви услови.

„И можам да се пофалам дека сум најдобра во женска конкуренција секако. Но има натпревари кога сум подобра и во машка и во женска конкуренција младинци и пионери“, додава Јованоска.

Наместо да се гордеат со неа државните институциии воопшто не сакаат да и помогнат Јованоска да стане најмладата македонска репрезентативка во стрелаштво. Ниту денар нема добиено и од Општина Прилеп каде се обраќале веќе 2 години, а последен пат лани во ноември. Воопшто не сакала да и помогне и ниту една фирма од Прилеп.

„Од Агенција за млади и спорт од лани Ирина веќе добива стипендија која изнесува околу 60 евра месечно. И ни кажаа дека поддршката нивна е таа. Па се надевам дека ќе дојди денот и кога Ирина како најдобар стрелец во државава ќе биде поддржана од својот град“, истакна Јасмина Јованоска, мајка на Ирина.

Освен пушката потребна е и друга специјална опрема која Јованоски со тешкотии ја набавуваат бидејќи немаат средства.

„Горниот дел од опремата е веќе на неа, сега треба да ги набавиме пантолоните, бидејќи немаме средства се набавуваме етапно“, додава мајката на Ирина.

Јованоски се надеваат дека овој апел ќе стигне до некоја државна институција, бидејќи токму ваквите банални проблеми, кои ги имаме со години во нашето општество и кои може да се решат со само 2.700 евра се најчестиот мотив голем број млади да се иселуваат од Македонија.