2,5 милиони долари по човек повторно ги обединија „Пријатели“ за една специјална епизода


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната актерска екипа од мегапопуларната „ситком“ серија „Пријатели” ќе се собере на едно место за да снимие една специјална епизода по повеќе од 15 години откако заврши серијата.

Специјалната епизода ќе се емитува на услугата за стриминг HBO Max, која започнува во мај. Датумот допрва треба да биде објавен.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер го потврдија настапот. „Тоа се случува“, напиша Пери со фотографија од екипата од 1990-тите. Остатокот од тимот потоа ја сподели истата фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4) on

Мет Лебланк, сепак, ја сподели фотографијата од М * А * S * Н со истата вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc) on

„Пријатели” се емитуваше од 1994 до 2004 година и станаа еден од најомилените ситкоми на сите времиња, а во последните години шоуто се здоби со илјадници нови фанови преку Netflix.

HBO Max ги обезбеди правата на серијалот за 425 милиони долари, пренесува BBC.

Актерите исто така ќе бидат вклучени во продукцијата на епизодата, а секој од нив, според Variety, треба да добие по 2,5 милиони долари за улогата.