Home Вебкафе 2.300 долари казна за сурфање со змија околу врат (снимка)

2.300 долари казна за сурфање со змија околу врат (снимка)

Австралиски сурфер заработи казна од 1.400 евра бидејќи бил забележан како сурфа сурфа со даска на морските бранови со питон околу вратот, објавија австралиските медиуми.

Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег – јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).

„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.

Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…