190 коњски сили на сите четири тркала – еве ја новата машина на „карабинерите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата италијанска воено-полициска формација „Карабинери“ ќе биде засилена со нови „ѕверови“ на четири тркала.

Како што може да се претпостави, станува збор за модел од прозиводителот на автомобили „Fiat Chrysler“ и тоа најголемиот џип, популарниот „Jeep Grand Cherokee“.

Долг речиси 5 метри, овој „ѕвер“ располага со 190 коњски сили, кои се пренесуваат на сите четири тркала по пат на осумстепен автоматски менувач.

Покрај стандардните работи, темно-сина боја со црвени елементи и полициски светла, чипот на прв поглед не се разликува од стандардниот.

Сепак, овој модел е многу поинакoв од стандардната верзија, бидејќи поседува блиндирана каросерија со засилени стакла и гуми. Што значи дека возилото е за сите мисии на карабинерите. Во кабината на џипот има и место за држачите за автоматските пушки .

Славните „Карабинери“ до крајот на годината ќе добија 19 вакви џипови.