Виц: Комшиката и краставиците


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


-Абре комши што им правиш на доматите што се толку црвени и зрели, кај мене се се уште зелени.
Комшијава се помислил малку и и рекол на комшивката:
-Комшике не знам како да ти кажам, можеби и ке се навредиш, па дури и срам ме фаќа.
Комшиката нестрпливо му рекла:
-Де бре комши не се знаеме од вчера.
И комшијава видел, невидел и и рекол:
-Па вака комшике, кога ке станам од спиење рано на сабајле прво што правам доаѓам во бавчава и се соблекувам гол. И доматите од срам поцрвенуваат. Тоа е тајната комшике.
Комшикава радосна си отишла дома и едвај чекала да се раздени. Наредниот ден комшијава поминува покрај куќата на комшиката и ја гледа комшиката во бавча и и вика:
-Комшике, како доматите зреат, зреат?
А комшиката му рекла:
-Комши доматите стојат у место, ама да видиш краставиците колкави се.