Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина од луѓето редовно мастурбираат, но претерувањето во тоа може лошо да влијае на вас.
„Не постои магична бројка која ќе ви каже кога е доста. Без оглед на тоа колку често мастурбирате, тоа не е проблем се додека не почне негативно да влијае на вашиот живот“, вели сексуалниот терапевт, Ден Дрејк.
Дека сте претерале со мастурбираее, ќе препознаете по неколку психички и физички симптоми.
1. Ве боли
Според зборовите на урологот, Тобијас Колер, некои момци мастурбираат што на крајот успеваат и да се повредат.
Некои од повредите се површни, како иритација на кожата, додека другите можат да доведат до Пејронијева болест која предизвикува искривени и бројни ерекции.
Ако мастурбирате толку често да ве боли, време е малку да ја смирите топката.
2. Не го правите тоа како што треба
Ако морате да останете подолго на работа или доцните на состаноци затоа што премногу време сте минале играјќи сами со себе во тоалетот, тоа не е добарзнак.
Кога мастурбацијата ќе почне да влијае на вашите работни и приватни обврски, направете пауза.
3. Имате сексуални проблеми
Многумина момци со мастурбацијата често користат исти потези со раката или гледаат одреден жанр на порно видеа.
Колер објаснува дека вашиот мозок тоа го памети и дека поради тоа би можеле да се најдете во проблем кога ќе бидете во кревет со партнерката.
Може да се случи да ви биде тешко да постигнете ерекција или да ја задржите во текот на сексот.
4. Постојано размислувате за тоа
Ако вашата потсвест е во омилената сцена од порно видеото или планирате соло игра одвлекувајќи внимание од останатите работи во животот, можно е да сте развиле зависност.