Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последните 24 часа, во Македонија, од направени 684 теста, регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица, а има 231 оздравен пациент.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а пријавено е на 30 март.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.