18 месеци затвор за студент кој уништи слика од Пикасо проценета на 20 милиони фунти


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


20-годишниот Шакел Масеј призна дека на 28 декември минатата година уништил слика со жена, која била направена во 1944 година, чија вредност се проценува на 20 милиони фунти. Поправката на сликата, како што рекоа експертите за време на судењето, ќе трае до 18 месеци и ќе чини до 35 илјади фунти.

Масеј е осуден на 18 месеци затвор за уништување на сликата. Тој ја погодил сликата неколку пати со катанец, а потоа ја симнал од ѕидот и ја фрлил на под.

За време на изрекувањето на казната, судијата рече дека постапувањето на Масеј е само обид да се добие пет минути слава. Кога полицијата го уапсила, Масеј рекол дека неговата акција е „претстава“.

Уништената слика ја прикажува љубовницата на Пикасо , Дора Маар и е направена во Париз во мај 1944 година во текот на последните месеци од нацистичката окупација.Ремек делото е во приватна сопственост и било на позајмица во галеријата во Лондон од 2011 година.