Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
18 годишната манекенка е пронајдена мртва во мистериозни околности во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
Ивана Смит е пронајдена мртва на балконот од шестиот кат на зграда во Куала Лумпур, а медиумите пишуваат дека паднала од 20-от кат. Локалната полиција тврди дека нема „криминални елементи“.
Младата девојка работела за Шанел и други познати брендови, а смртта настанала во мистериозни околности.
„Таму е пронајдена гола. Каде и се чевлите и облеката? Веруваме дека постојат криминални елементи во смртта на Ивана“ вели дедото на Ивана.
„Ниту паднала, а ниту скокнала. Висока е 181 цм, а преградата е 120 цм. Како е тоа можно?“ прашува таткото на Ивана.
Соседите наводно слушнале кавга, а според извештајот во крвта од Ивана се пронајдени алкохол и екстази.
„Нејзината облека е пронајдена, но чевлите и долната облека не се пронајдени. Има многу неразјаснети околности“ рече војкото Фред.
Ивана во Малезија живеела со дедото веќе 13 години и станала еден од најпознатите модели во земјата.