18-годишен тинејџер со „Мерцедес“ удрил скопјанка на тротинет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


44-годишната скопјанка Б.Б. се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајка во која била удрена од 18-годишниот тинејџер А.А. од селото Мојанци, кој управувал со автомобил марка „Мерцедес“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 7 часот на крстосницата од булевар Крсте Мисирков со булевар Гоце Делчев се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од село Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.