18 години затвор за Чавков


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во изрекувањето на пресудата за „крвавиот четврток“, Кривичниот суд на Митко Чавков му досуди казна затвор од 18 години заради терористичко загрозување на државниот поредок.

Во издржувањето на казната му се пресметуваат и деновите поминати во притвор.

Ова е првостепена пресуда на која одбраната има право на жалба. Пресудата ќе стане правосилна, откако за неа ќе се произнесе и Апелацискиот суд.

За виновен беше прогласен и Јане Ченто кој доби 15 години затвор, со пресметано време поминато во притвор. На Игор Југ, исто прогласен за виновен, му беа досудени 12 години казна затвор.