Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скоро 340 вработени останаа без октомвриската плата иако газдите добиле државна помош за исплата на нивните плати.
Наместо на сметка на работниците, 179 работодавачи, 86 милиони евра, си ги здржале за себе. Дел од газите се истите кои ја ја злоупотребија помошта и за месеците април, мај и јуни. Лукаревска вели – со зголемените казни и присилната наплата, работодавачите ќе се вразумат.
Листите со фирмите кои го прекршиле законот во октомври, но и во април, мај и јуни ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат, по што ќе бидат јавно објавени. За разлика од претходно, ќе бидат конечни и нема да можат да се бришат имињата кои подоцна ќе ја исплатат платата.
Инаку за да се зачуваат работните места, владата продолжи со помошта за исплата плати за вработните на фирмите кои имаат значителен пад на приходите. Само во октомври помош побарале скоро 14,000 компании за да им исплатата плати на 61,556 вработени.