170 сантиметри високиот Закерберг чучнат на дебело перниче во Конгресот – интернетот го излуде од мезе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марк Закерберг сведочеше во американскиот Конгрес пред 44-цата сенатори, а во текот на петчасовното сослушување седеше на кожена фотелја на која дополнително беше додадено уште едно дебело перниче од црна кожа, за 170 см високиот Закерберг да не се „изгуби“ во пространиот стол.

Иако 10 сантиметри високото перниче беше со боја на кожата на столот, на камерите не успеа да им помине незабележано, а интернет популацијата експресно делуваше со лавина од креативни потсмешливи коментари за таа ситуација, како и за извештачениот и вкочанет изглед на Марк за време на сведочењето.