17 години од загинувањето на 10-те бранители кај Карпалак


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска во Прилеп, пред споменикот „Карпалак“ ќе се одржи централното чествување по повод 17 години од загинувањето на 10-те бранители од Прилеп во месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога на 8 август 2001 во заседа беше пресретнат конвојот на АРМ.

Чествувањата започнаа вчера со положување свежи цвеќиња пред споменикот во прилепската касарна „Мирче Ацев“.

Оддавајќи им почит на загинатите бранители-воени резервисти од прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски, заменик-командант на гарнизонот, рече дека кога недобронамерниците посегнаа по ова парче земја, прилепчани застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија.

Никогаш нема да се заборават, ќе потсетуваат на родољубието и на тоа никогаш да не се повтори.

Ацо Јованоски – Реган е еден од преживеаните вели дека се уште и по 17 години голем дел од барањата на бранителите не биле исполнети, ниту пак бил изграден споменик за нив каде тие загинале.

„И утре исто така ќе ги положиме цвеќето и венците на банкината на автопатот. Владата ветуваше многу, не само минатата, и сите претходни влади, дека ќе го решат проблемот со бранителите, но за жал и ден денеска не е решен. Сите на тоа име си прават дневнополитички маркетинзи“, изјави Ацо Јованоски, возач на запалениот автобус кај Карпалак.