Филм / ТВ

17 години го ловеше типот кој украде 50 милиони долари – на крајот се шокираше

Веројатно никогаш не сте чуле за Мишел Коен. И оправдано. Освен ако не ја следите редовно со години наназад француската црна хроника – не постои причина неговото име да ви звучи познато.

Станува збор за Французин роден во 1953 година, во сиромашниот дел од Париз. Неговиот прв работен ангажман бил продажба на енциклопедии од врата на врата. И бил доста успешен во својата работа.

Подоцна, се преселил во САД и почнал да продава паштета, а после низа работни ангажмани, полека влегол во светот на уметноста и уметничките дела и станал трговец со уметнички дела. Продавал слики од многу големи уметници, а работата одлично му одела. Го живеел „американскиот сон“, возел брзи автомобили, купил куќа во Малибу и таму живеел со сопругата и двете деца, домашниот готвач, а имал и коњи.

Потоа сменил работа и се префрлил на тргување со опции, но работата не му одела најдобро, па почнал да се задолжува. Почнал да подига кредити и да тргува со уметнички дела кои не биле во негова сопственост. Сè повеќе се задолжувал. Во еден момент, заедно со сопругата и двете деца, буквално исчезнале, откако Мишел со измама се стекнал со 50 милиони долари.

Тоа се случило во 2001 година, а во тоа време документаристката Ванеса Ингл снимала свои филмови и сплет на околности ја навеле и на приказната од Коен која ја заинтригирала.

„Никој не знаеше каде е. Тој, неговата сопруга и децата едноставно исчезнаа. Приказната ми беше многу интересна, но не знаев каков пристап да направам кон истата. Светот на трговците со уметнички дела е многу таинствен и тие не сакаат многу да зборуваат за својата работа. Особено во ситуација кога некој ќе им земе милиони долари. Нивниот свет се базира на доверба“, вели Ингл која на крајот пронашла начин како да се инфилтрира во тој свет и да ја започне истражната авантура која траела 17 години. „Го барав неговото име на секои два или три месеци“.

Ванеса Ингл

Првата трага во Бразил

На првата трага налетала во 2003 година. Во американските медиуми се појавила мала приказна за Коен кого Интерпол го уапсил во Бразил. „Си помислив дека тоа е мојата шанса. Можеби бразилските власти ќе ми дозволат да го посетам во затворот и да ја добијам целосната негова животна приказна“.

Не брзала бидејќи претпоставила дека бразилските власти ќе го задржат во затвор. Но, се излагала. Коен успеал да побегне од затвор и после тоа му се губи секаква трага.

Со години потоа не наишла на ниту една информација за него, но не го заборавила. Одлучила да сними филм за Коен. Иако не знаела каде е, ниту дали воопшто е жив, сакала да поразговара со неговите пријатели и луѓето од светот на трговијата со уметнички дела кои имале несреќа да соработуваат со него.

„Често знаев да кажам дека можев да станам полицаец бидејќи ја работиме истата работа. Собираме траги и се обидуваме да создадеме доволно убедлива приказна и да пронајдеме сведоци кои би ја потврдиле“, вели Ингл за The Guardian.

Детективски тандем

Но, на овој проект не работела сама. Од голема помош за неа била Били Шепард, продуцентка на емисијата „Who Do You Think You Are?“, чија цел и задача е протресување на семејното стебло на познатите фаци и ископување интересни приказни за нивните предци. Шепард била многу добро запозната со ваков тип на истраги.

Заедно создале временска линија на која се наоѓале сите трансакции, слики, измами и жртви на тие измами. Станувало збор за документ кој имал повеќе од сто страници. Успеале да се доберат и до сите судски записи од САД и Бразил, а еднаш кога ги имале сите имиња и адреси, веднаш ги контактирале лицата.

Се шушкало дека некои од жртвите оделе толку далеку што сакале да побараат услуги од платени убијци. „Во светот на уметничките дела постојат луѓе поврзани со мафијата и перачите на пари. Станува збор за прилично валкана работа. После сето тоа бев уверена дека некои од нив знаеле како да дојдат во контакт со убијци“.

Можеби Коен бил убиен, а можеби и починал од природна смрт, бидејќи во тој период имал над 60 години.

Го направиле она кое не можела ни полицијата

Прво избегнувале разговор со најблискиот круг на познаници на Коен, бидејќи стравувале дека некој би можел да му дојави дека копаат по неговата приказна. Иако тоа не го очекувале, многу од познаниците на Коен се согласиле да разговараат со нив во врска со Мишел. Сестрата од Коен не им се јавила, но стапиле во контакт со Рој, негов пријател кој деловно му помогнал кога се преселил во САД.

Сè се променило кога еден ден Ингл добила повик од анонимна жена. Тоа била сопругата од Коен која се преселила во Бразил со двете деца, таму родила и трето и минувала низ тешки моменти кога нејзиниот сопруг завршил зад решетки.

Била прилично нервозна и рекла дека не сака да зборува преку телефон, но се согласила да се сретнат на кафе. Сакал Ингл да појде сама, но ВВС (како нарачател на документарецот) не се согласиле на тоа, па со неа испратиле еден колега кој седел во истото кафуле за време на средбата.

Но, немало големи проблеми. Неговата сопруга се појавила и зборувала со часови. Не сакала да ја снимаат, но открила сè што треба.

Иако Ингл не сакала да открие премногу детали, го открила она најбитното. После 17 години долга потрага и лов, успеала да дојде до Мишел. „Го фативме! Постојат куп филмови во кои имате централен протагонист кој направил нешто лошо, но ретко ги фаќаат“.

Уште на почетокот од дводелниот документарен филм „The $50m Art Swindle“ се открива дека Ингл во истото кафуле го запознала и човекот по кого трагала скоро две децении. „Ситен, небричен маж дојде до нашата маса, облечен во лита маица. Се запрашав дали е тоа човекот по кој трагам 17 години?“

Тоа бил тојтипа сомнеж дека нејзиниот документарец ќе го привлече вниманието на многумина вљубеници во овој тип на филмски истраги.

Advertisements
To Top