16-годишник минатиов викенд исчезна во водите на Преспанското Езеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нуркачките екипи од Охрид и денес трагаат по телото на 16- годишното момче од Ресен што вчера попладне се удави во Претор.

„На 02.08.2020 во 18,18 часот во Полициска станица Ресен од Итна медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16 годишен малолетник од Ресен. Од надлежните служби се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот“, соопштуваат официјално од МВР.

Според очевидците , до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата,oбјави Нова Македонија.