16 години од масакрот на Карпалак


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе се одбележат 16 години од загинувањето на десетте бранители на Карпалак во 2001 година.

Венци со цвеќе ќе положи делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар, Драган Николиќ.

На 8 август 2001 година на патот од Скопје за Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и прилепско.