Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во петок, на 4 февруари, со почеток во 12 часот во Националната установа „Музеј на македонската борба“, свечено ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)” што ја подготви Државниот архив, а под покровителство на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
За изложбата е користена богата архивска документација која го опфаќаат ликот и делото на Делчев низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, како и патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на Македонија, Скопје.
Изложбата ги прикажува дејствувањето и улогата на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално – ослободително движење од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација.
Авторите на изложбата, како што соопшти Државниот архив, користејќи богата архивска документација, го опфаќаат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, низ неговите преписки, сведоштва и погледи кон неговото дело од соборци, потоа патот на неговите мошти од селото Баница преку Софија, до главниот град на современата македонска држава, Скопје.
На јавноста ќе ѝ бидат претставени и материјали што ги оставиле потомците на Гоце Делчев за чествувањето на неговото име и дело во времињата што доаѓаат.
Државниот архив преку изложбата ја пренесува и пораката дека е чувар на меморијата за минатото и за културно-историското наследство на македонскиот народ, во кое спаѓа и личноста на Гоце Делчев, корифејот на македонското ослободително движење и на борбата за независна држава.