Вебкафе

15-годишен тинејџер си го жртвувал животот за да ја спаси 5-годишната сестра од разбојници

15- годишниот Кајлер Едман го жртвувал својот млад живот за да го спаси животот на неговата 5-годишна сестричка кога во нивниот дом провалиле разбојници.

Полицијата го пронашла телото на Кајлер Едман за време на претресот во еден дом во американскиот град Порт Шарлот, откако дошла пријава дека некој краде во куќата на таа локација.

Полицијата ги уапсила разбојниците , потврди шерифот Бил Прумел, а по притворот полицајците откриле дека тој провалил и во друга куќа, и токму таму го пронашле мртвото тело на храбриот Кајлер.

„Ние веруваме дека тинејџерот се обидел да ја заштити куќата и помладата сестра“, рече Прумел.

Инспекторите сметаат дека по провалната кражба, дошло до физичка расправија меѓу провалниците и 15-годишникот, но дека тие сè уште не можат да ги споделат деталите во јавноста. Петгодишно девојче не е повредено.

Човекот осомничен за злосторството е познат во полицијата, има проблеми со дрога и за време на апсењето бил на условна казна.

Тој сè уште не е обвинет за убиство на младиот Ердман, но шерифот вели дека соработуваат со обвинителството за подигање на обвинение.

„Ние работиме се што можеме, за осомничениот повеќе да не ја види светлината на денот“, рече Прумел.

Од семејството на Кајлер, кратко изјавиле дека момчето е „херој“ и „заштитник на својата сестра“. „Не постои херој кој може да се спореди со него“, рекоа тие.

Сите соседи за починатиот момче имаат само зборови со пофалби. За него се вели дека бил ученик во средно училиште и миленик на неговите соученици.

„Тој беше нежна душа, секој ќе се гордееше да беше негов син“, рече еден сосед.

Advertisements
To Top