Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со приредување глобална забава со настани на шест континенти од денеска се слави 15-годишнината од работењето на Википедија, светската слободна енциклопедија што може секој да ја уредува.
Во Македонија, во организација на македонската вики заедница и Здружението за умножување на слободни содржини „Споделено знаење“ – македонскиот огранок на Википедија, денеска ќе има презентација и роденденска прослава со видеа и говори, панел дискусија, презентација на гостинска организација и презентација на Споделено знаење, проследени со забава, музика и пијалаци. В сабота, пак, ќе се презентира документарен филм за вовед во Википедија, обуки за уредништво и активизам, за слободни лиценци и авторски права и за Википедија како глобално движење.
Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 година. Оттогаш порасна на 35 статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. Ја градат доброволци од целиот свет и секој месец има по 80.000 доброволни уредувачи. Википедија му служи на секому во севетот, на сите возраст и сите занимања и ја користат 28 отсто од сите жители на планетава.