Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
68-годишната Британка Етел МекГил успеала да ги убеди британските ресорни служби и власти дека нејзиниот татко е жив , иако 15 години бил починат и земала пензија во негово име во вредност од 740.000 фунти.
МекГил наводно глумела дека има деменција и страда од инвалидитет, иако била сосема здрава, па успеала да ја направи најголемата измама во британското законодавство.
По смртта на татко ѝ продолжила да ја зема неговата воена пензија и другите додатоци. Нејзиниот татко, Роберт Денисон починал во 2004, а Етел 15 години криела дека е починат.
Дека станува збор за аматерска актерка и успешна измамничка, откриле истражителите во Одделението за труд и пензии, кои ја снимиле МекГил како се движи без количка . Таа ја наговорила дури и својата блиска пријателка да се преправи дека е татко ѝ кога доаѓале социјални работници да ја посетат.
Таа вчера стигна во инвалидска количка во судот во Ливерпул , со лицето спуштено во пелените за возрасни , за да ги зибегне камерите.
Етел е осудена по сите точки на обвинението и доби 6 години затвор. Адвокатот побарал поблага казна , но судијата бил строг и рекол дека примерот на Етел мора да биде предупредување за сите кои се обидуваат да крадат од државната каса.