Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славните спортисти во време на колективна изолираност на населението заради пандемијата на коронавирусот активно ги мотивираат и поттикнуваат своите обожаватели да останат дома, но да не престанат со физичките вежби и активности и во вакви тензични времиња.
Инсириран од кампањата на неговиот спонзор „Најки“ за мотивирање на луѓето да бидат активни и во самоизолација, Кристиано Роналдо направи фитнес предизвик со кој ги предизвика своите Инстаграм следбеници да го повторат.
„Здраво дечки. ИМам нов предизвик за вас за да останете активни: The Living Room Cup 🏆. Дали можете да го победите мојот рекорд во стомачни со кренати нозе? Покажете ми што можете користејќи ги хаштаговите #livingroomcup #playinside @nike @cristiano за да можам да ве видам!“, напиша Роналдо на неговото видео на Инстаграм на кое направи 142 вакви стомачни за 45 секунди.
View this post on Instagram