141 маж уапсен во Индонезија поради учество на геј забава


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Индонезиската полиција уапси 141 маж поради учество на геј забава во сауна која се случила во главниот град Џакарта. Меѓу учесниците се мажи од Велика Британија и Сингапур, кои платиле 14 американски долари за учество.

Во Индонезија зголемено е непријателството кон малата ЛГБТ заедница, пренесуваат локалните медиуми.

Според индонезискиот закон, хомосексуалноста не е незаконска, освен во конзервативната провинција Ацех. Сепак, според полицијата, некои од уапсените би можеле да бидат обвинети за порнографија.