Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По 14. пат, вечерва во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, во организација на Младинскиот културен центар. На повеќе локации ќе има изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции и поетски читања.
Стартот е во 20 часот на плоштадот „Јадран“, со настап на Градскиот дувачки оркестар.
Од МКЦ велат дека годинава, акцентот е ставен на домашните уметници и на домашните организатори на културни настани, со цел да се збогати културната понуда на Скопје и да се покаже дека „Бела ноќ“ не е само вечер во која кафулињата работат со неограничено работно време. Целосната програма е достапна на www.belanok.mk.
За време на „Бела ноќ“, бесплатно ќе биде возењето во автобусите на ЈСП „Скопје“, кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови.
Во рамките на „Бела ноќ“ ќе се отвори и првото издание на меѓународниот фестивал на светлосна уметност, „Скопје лајт арт дистрикт“ (6-9 октомври). Отворањето е пред зградата „Дом Ибни Пајко“, а неговото мото е „Следи ја патеката“.