Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерската ѕвезда од популарната серија „Очајни домаќинки“, Фелисити Хофман, со судска пресуда изречена во петокот беше осудена на 14 дена затвор поради давање мито во висина од 15.000 долари на лажна добротворна организација за да бидат наместени резултатите од приемните тестови кои ги решавала нејзината ќерка за упис на колеџ.
Станува збор за SAT (Scholastic Test Aptitude Test), тест што се користи како приемен испит за додипломски студии во Соединетите Држави.
Фелисити самата ќе се предаде на 25 октомври во затворот во Даблин, Калифорнија, кој списанието „Форбс“ го прогласи за еден од десетте најчисти затвори во Америка, пренесуваат странските медиуми.
Актерката на тој начин ќе може да купи многубројни шампони, дезодоранси, прашок за бебиња, па дури и крем за сончање. Фелисити исто така на располагање ќе има чипсови, орео-бисквити, пица и пуканки. Затворениците може да гледаат филмови, да играат друштвени игри и имаат на располагање и сала за вежбање.
Актерката ќе треба да плати и глоба од 30.000 американски долари и да потроши 250 часа добротворна работа покрај двонеделниот затвор.