Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 137 цивили и воен персонал досега се убиени во руската инвазија на Украина.
Тој ги нарече „херои“ во видео-обраќањето објавено рано изутрината, во кое, исто така, наведува дека повеќе од 300 луѓе биле повредени за помалку од 24 часа борби.
„Тие убиваат луѓе и ги претвораат мирните градови во воени цели. Тоа е никогаш нема да биде простено“, рече Зеленски, прецизирајќи дека сите граничари на островот Змиини во регионот Одеса биле убиени. На сите нив постхумно ќе им биде доделена титулата Херој на Украина, рече тој.
Зеленски рече дека и покрај загубите, вооружените сили на Украина „брилијантно ја бранат земјата против една од најмоќните нации во светот“. Претседателот, исто така, се жалеше што неговата земја е „оставена сама“ да се бори против Русија.
„Кој е подготвен да се бори покрај нас? Не гледам никого“.
Претходно тој потпиша декрет со кој се наредува целосна воена мобилизација и им се забранува на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата. Во декретот се вели дека мобилизацијата ќе трае 90 дена. Русија ја започна својата инвазија вчера пред зори, со воздушни напади врз градови и воени бази и испраќање војници и тенкови од повеќе правци.
Украинските сили соборија непријателски авион над Киев во петокот во раните утрински часови, кој потоа удри во станбена зграда и ја запали, изјави Антон Херашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Не е јасно дали авионот бил со екипаж. Херашченко на Телеграм напиша дека гори деветкатна станбена зграда.
Претходно во Киев се слушнаа серија експлозии за кои Херашченко рече дека се звуци на пукање на воздушната одбрана кон авионот. Русија во четвртокот започна целосна инвазија на Украина.