Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, влезе во историјата на НБА лигата, како играч со најмногу трил-дабл оставрувања во една натпреварувачка сезона. Тој против Денвер, изминатата ноќ синоќа го забележа 42-от трипл-дабл во сезоната.
Расел Вестбрук, го надмина рекордот стар 55 години на легендарниот Оскар Робертсон, откако против Денвер го запиша 42-от трипл-дабл во сезоната.
Вестбрук одигра спектакуларен меч против Денвер, имаше учинок од 50 поени, 16 скокови и 10 асистенции, а брилијантната партија заврши со тројка, со звукот на сирената, со која на Оклахома и донесе победа 106:105, а Денвер го отпиша од плејофот.
Инаку, Вестбрук сезоната ќе ја заврши со просечен трипл-дабл учинок. Во просек по натпревар тој има учинок од 31,7 поени (најдобар стрелец во лигата), 10,7 скокови и 10,4 аситенции.
Рас е четврти на вечната листа на играчи со најмногу трипл-дабл натпрвари во кариерата, тој против Денвер го одигра 80-от таков натпревар. Лидер на листата е Оскар Робертсон (181), а зад него се Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).