Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Црна среда го направи денешниот ден стравичната сообраќајна несреќа која се случи на патот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, во која автобус излета од патот и се преврте во провалија, при што на место загинаа 13 лица, а четворица од повредените се борат за живот и се во животна опасност.
Возачот на автобусот што попладнево се преврте кај месноста „Карпалак“, на автопатот Скопје-Тетово е во стабилна состојба, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Заради расчистување на причините за несреќата во која, според досегашните информации животот го загубија 13 патници, надлежен јавен обвинител побарал да биде земено крв и урина од возачот и да се направи проверка на техничката состојба на автобусот.
Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, извлекувањето на настраданите е завршено, а хоспитализирани се триесетина пациенти.
Меѓу повредените нема деца, повредена е една трудница, а сите се на возраст над 25 години, соопшти министерот Филипче.
Несреќата се случи околу 17 часот, а кога во автобусот на компанијата „Дурмо турс“ се возеле 50 патници. Автобусот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.