Advertisements
Актуелно

13-годишна скопјанка пријавила дека ја силувал нејзиниот татко

Тринаесетгодишно девојче од Скопје во полиција пријавило психо-физичко малтретирање и силување од страна на нејзиниот татко.

Според информациите на МВР, девојчето доцна во ноќта во вторник кон среда, околу 1:55 часот, во полициска станица пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).

Тој бил приведен и задржан во полициска станица. Од МВР велат дека за настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Девојчето е згрижено и заштитено и од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Advertisements

Најпопуларно

To Top