Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
13 112 е новиот СОС број на кој, во иднина, ќе може да се повика интервентна помош во случај на повреда во планина, пренесува „Охридњуз“.
Охридската Служба за спасување, денес, во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“, го промовира скратениот СОС број кој за прв пат се воведува во Македонија и може да се повикува од сите мобилни и фиксни оператори во земјава.
Како што потенцира претседателот на општинскиот Црвен Крст, Сашо Точков, воведувањето на скратениот СОС број 13 112 е исчекор во зголемување на безбедноста на сите кои сакаат да се движат во планина, како на поединците, така и на организираните тури.
Повикот на СОС бројот 13 112 ќе е достапен од секој оператор во Македонија, но охридската служба може да делува на пет територии: општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен кои територијално може да ги покрие во разумно време за интервенција на планина. Доколку се добие повик од останатите региони, тогаш повикот ќе се пренасочи кон колегите во регионот од каде стигнал повикот.