Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешен ден, 6 февруари, 1893 година, во Охрид почина истакнатиот македонски писател од романтичарскиот период и голем просветителен и културен деец, великанот Григор Прличев.
Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, како и познатата негова „Автобиографија“.
Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талент и бил наречен „втор Хомер“. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.
Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери.
Македонскиот поет Прличев, по повод 1.000 годишнината од смртта на Методиј, одржал говор во Солунската гимназија на 6 мај 1885 година.
„Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението…“, рекол тогаш Прличев.