Home Актуелно 127 нови пациенти заразени со коронавирус во последните 24 часа – најмногу во Скопје

127 нови пациенти заразени со коронавирус во последните 24 часа – најмногу во Скопје

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 33
– Тетово 10
– Струга 5
– Охрид 6
– Кочани 2
– Пробиштип 2

Од вкупно 67 новозаразени со КОВИД-19 на подрачјето на Скопје, најмногу од нив, 16, се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени и тн.

Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, во Гази Баба 58, во Аеродром 57, во Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, а во Арачиново 23. Следат Студеничани со 19 активни случаи на КОВИД-19, Илинден и Ѓорче Петров со по 18, Шуто Оризари со 17, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Тетово 2
– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…