Home Актуелно 120 новозаразени од коронавирусот – повеќе од половина се од Скопје

120 новозаразени од коронавирусот – повеќе од половина се од Скопје

Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 63
-Куманово 4
-Дебар 6
-Штип 4
-Прилеп 2
-Тетово 14
-Струга 6
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 4
-Гостивар 12
-Свети Николе 1
-Кичево 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од:

-Скопје 82
-Штип 1
-Тетово 30
-Струга 2
-Битола 2
-Гостивар 2
-Кочани 4
-Пехчево 1
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…