120 години затвор за водачот на секс-култот NXIVM


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кеит Раниер, познат како водач на култот NXIVM, во кој жените биле во одреден вид сексуално ропство, денес е осуден на 120 години затвор.

Раниер минатата година беше прогласен за виновен за трговија со луѓе, уцени и поседување детска порнографија. Тој бил водач на култот наречен NXIVM и престојувал во државата Њујорк.

Во интервју кое го дал од затворот за Dateline NBC, Раниер се извини за „повредите“ што им ги нанел на жртвите, но исто така рекол дека не е виновен за какви било кривични дела.

„Јас сум невин. Тоа е страшна трагедија во која се повредени многу, многу луѓе. Но, исто така, е неправда. Што и да мислите дека сум, самиот ѓавол или не, треба да се испита правниот процес”, рече Раниер.

На поротниците во Бруклин им биле потребни само неколку часа да го прогласат Раниер за виновен во јуни 2019 година. Раниер водел организација за самопомош во близина на градот Олбени во рамките на која основал тајно здружение наречено ДОС, каде ги уценувало „робовите“ жени со компромитирачки материјал, како што се нивните голи слики, и ги принудувал на сексуални односи, пишува NBC News.

Поранешна членка на NXIVM, Индија Оксенберг, ќерка на sвездата на серијата ,,Династија”, Кетрин Оксенберг, рече дека е многу тешко да се напушти култот откако станала плен.

„Лесно е да ве заведе ако не сте свесни што се случува, особено кога тоа го прават добри манипулатори“, изјави Оксенберг за ABC овој месец.

Вината ја признаа претседателот на NXIVM, Ненси Салзман, нејзината ќерка Лорен Салзман, сметководителката Кети Расел и Клер Бронфман, наследничка на „Сеаграм“, компанија која продава алкохолни пијалоци. Бронфман била голем донатор на NXIVM и е осудена на 81 година затвор.