12 трикови за убавина од целиот свет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Отсекогаш убавината на жените била достојна за восхит. Гледајќи од страна сè изгледа толку природно и како воопшто да не треба напор за одржување на убавината. Но, всушност за да се биде убав треба „напорна“ работа, потребно е доста одржување и трошење време освен ако не сте ја добиле на генетска лотарија.

Секоја земја традиционално си има свои тајни за убавина кои се пренесени од една генерација во друга.

1. Австралија
За ослободување од првутот и сувиот скалп, австралиските жени додаваат неколку капки масло од чајно дрво во шампонот што го користат.


2. Бразил
Следниот пат кога ќе одите на плажа, можете да пробате едноставен трик кој ќе ви помогне во намалувањето на целулитот. Земете малку влажен песок и нежно нанесете го на проблематичните места. Овој тип на масажа ја подобрува циркулацијата на крвта и ја прави вашата кожа мазна.

3. Египет
Клеопатра е првата жена која ги открива магиските ефекти на млечните бањи. Само додадете 1-2 литри топло полномасно млеко и 100 грама мед во вообичаената када. По 15-20 минути вашата кожа ќе стане помека и поеластична.
Предупредување: Пред да се бањате, бидете сигурни дека не сте алергични на млеко или мед.

4. Колумбија
Авокадото е една од најпопуларните активни состојки во рецептите за убавина во земјите на Латинска Америка. Се користи како маска за лице, коса и тело.
За да ја направите вашата коса сјајна и мека, направете мешавина од авокадо и банана и додадете 1 супена лажица маслиново масло. Нанесете ја оваа маска на косата и почекајте 30 минути. Исплакнете темелно со шампон.

5. Кина
За да ја спречите појавата на брчки, обидете се да го исчистите лицето со вода од ориз. Накиснете го оризот во вода 20 минути, а потоа исцедете ја водата. Редовно чистете го лицето со оваа супстанца и наскоро ќе забележите голема разлика.


6. Јапонија
Кожата на жените во Јапонија често изгледа како порцелан. Тоа не е само ген. Тие ја задржуваат кожата сјајна и мазна така што се заштитуваат од сонцето. За таа цел, жените носат чадор и долги ракави во лето. Друга јапонска тајна за убавина е храната богата со јод.

7. Индија
Збир на вежби се популарни меѓу индиските жени. Овие вежби помагаат за подобрување на метаболизмот и зголемувањето на енергијата. Покрај тоа тие се погодни за сите: мажи, жени и деца.

8. Костарика
За да ги затворите порите и да ја освежите бојата на кожата, можете да користите сок од портокал. Разредете го сокот со вода во сооднос 1: 1 и нанесете го на кожата со памук. Исплакнете со вода.

9. Фиџи
Со векови, жените на Фиџи се обидувале да постигнат бледо-жолта боја на кожата што се смета за убава (речиси спротивно на западните земји каде што луѓето очајно сакаат да имаат темен тен во текот на целата година). Рецептот за белење на кожа е многу лесен и може да се направи дома. Ви требаат само 2 супени лажици мед, 3 лажици заситен сок од портокал и 1 лажица шеќер. Измешајте ги сите состојки во сад. Ставете малку од мешавина на вашата кожа и употребете половина лимон за да ја протривате областа на кожата што сакате да ја избелите. Продолжете со постапката по 25 минути со додавање на повеќе од смесата се додека не го добиете посакуваниот тен. Потоа, вашата кожа ќе биде освежена и мазна.

10. Грција
Маслиновото масло е многу популарно во Грција. Се користи за чистење на кожата,
изгореници и може да биде активна состојка во прекрасна маска за коса.
Измешајте чаша јогурт со лажица маслиново масло. Ставете ја маската на влажна коса и по 5 минути исплакнете со млака вода.

11. Скандинавски земји
Скандинавските жени имаат едноставни, но ефикасни правила за заштита на кожата од стареење и сушење. Тие го мијат лицето со минерална вода, обидувајќи се да избегнат директна сончева светлина и се придржуваат на режим со здрава исхрана.

12. Мексико
Не е познато кој го измислил виткањето на трепките со лажичка. Но, жените низ целиот свет го користат овој трик за да ги направат своите очи да изгледаат убаво. Овој трик е особено честа појава во Мексико.
Лажицата загрејте ја со држење на некое време во топла вода. Ставете ја лажицата во близина на окото,така што нејзиниот раб ќе ги допре корените на вашите трепки. Користете го вашиот прст за да ги притиснете влакненцата на лажицата 30 секунди. Потоа нанесете маскара.

Извор: Јавно