12 тажни секунди кои му покажаа дека за неа тој е „само другар“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Kiss Cam е забавен момент за време на спортските настани во САД на кој обично се прикажуваат моментите во кои парови разменуваат слатки бакнежи додека публиката им аплаудира. И додека бакнежите се во најгилем случај такви, слатки и страсни, постојат и моменти кога таквиот предизвик се претвора во бламажа.

Еден таков гаф се случи за дечкото од Kiss Cam за време на натпреварот на Хјустон Рокетс минатата недела.

Кога завршија на големиот екран, дечкото тргна да ја бакне пријателката на што таа му го сврте образот. За ситуацијата да биде уште поинтересна, на екранот веднаш после тоа се појави натпис „пријателска зона“ со лента за предупредување.

Целата ситуација луѓето почнаа масовно да ја споделуваат на социјалните мрежи брутално шегувајќи се на сметка на дечкото.