Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред пет години заврши производството на суперспортскиот Lexus LFA, а најновите податоци покажуваат дека на лагер и натаму има неколку непродадени примероци.
Моделот, чие производство беше ограничено на 500 примероци, и за кого долго се веруваше дека е распродаден, се чини, се уште, може да се пронајде кај некој од овластените продавачи на оваа луксузна марка на Toyota во САД.
Кога Autoblog во јули собираше статистички информации за продажбата на нови автомобили наиде на податоци дека во изминатиот месец во САД бил продаден и еден Lexus LFA.
На прашањето до производителот, дали во прашање е некоја грешка, Lexus одговорил дека не станува збор за грешка и притоа открил дека, според нивните податоци, кај овластените продавачи во САД се наоѓаат ни помалку ни повеќе туку 12 нови модели Lexus LFA.
Оваа информација претставува изненадување со оглед на тоа дека Lexus LFA е многу баран модел кај љубителите на суперспортски автомобили и богати колекционери, а специјалните верзии, како „Lexus LFA Nürburgring“ на огласи се продаваат за повеќемилионски суми.
Покрај се, мала е веројатноста дека некои од продавачите кои веќе со години имаат LFA на својот лагер брзаат да го продадат автомобилот. Некои од 12-те вредни Lexus примероци можат – изложени во салон – да послужат како добра реклама, но и инвестиција за иднината, затоа што се очекува нивната цена постојано да расте.
Портпаролот на Lexus верува дека голем дел од овие возила нема никогаш да бидат продадени, освен во случај наследниците на сопственикот на салонот еден ден одлучат да ги отуѓат.