12 работи за Чернобил кои НВО во серијата ги измени од стварната приказна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата мини-серија на НВО, „Чернобил“, направи вистински бум во светски рамки и експресно стана најдобро оценетата серија во историјата на IMDB. Описот на приказната за нуклеарната експлозија и катастрофа во Украина во 1986 година, пренесена во пет епизоди во серијата продуцирана од НВО, за кратко време привлече милионска публика на сите страни од планетата.

Сепак, за љубов на вистината, серијата не ја прикажа сета приказна за нуклеарната чернобилска катастрофа онаква каква што е. Business Insider откри 12 работи кои НВО ги промени во нивната мини-серија, наспроти фактите како тоа навистина било во реалноста.

Факт е дека Чернобил е досега најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, но според Јан Хаверкамп, експерт за нуклеарна енергија во GreenPeace, споредбата на Чернобил и Хирошима која ликот на Легасов ја направи во серијата нема баш некоја смисла.

Легасов во серијата вели: „Огнот кој го набљудуваме со сопствени очи зрачи речиси двојно повеќе радијација од зрачењето предизвикано од атомската бомба фрлена во Хирошима“. Бомбата која ја погоди Хирошима беше толку разорна поради бројот на луѓето кои беа отворено изложени на зрачењето. Од друга страна, во Чернобил радиоактивните материи влегуваа во атмосферата и се рашируваа, па нивните ефекти врз здравјето се помалку директни, но подолгорочни.

Во втората епизода од „Чернобил“ еден хеликоптер се срушува во моментот кога надлетува над отвореното јадро од реакторот. Падот на хеликоптерот навистина се случил во реалноста, но во сериската приказна тој е хронолошки поинаку прикажан. Судирот, всушност, се случил во октромври таа година, неколку месеци подоцна откако беше завршена борбата со пожарот на реакторот.

Од фиктивните ликови во серијата на НВО, најистакнат и највпечатлив е оној на Улана Комјук, научник од белорускиот институт за нуклеарна енергија. Комјук патува во Чернобил неповикана, ги испрашува надзорните лица од нуклеарната централа во нивните болнички соби, па наскоро ќе се најде дури и во ситуација да се сретне со главниот секретар на Горбачов.

Таа приказна делува нереално за една личност, а тоа е затоа што Комјук е замислена како комплексен карактер кој е претстава и одлика на многу научници кои биле поврзани со ситуацијата во Чернобил. Сепак, ако нешто е реално, тогаш тоа е нејзиниот женски пол, бидејќи СССР имал импресивен рекорд во обучени женски кадри во STEM истражувањата.

Во втората епизода Комјук го предупредува советот дека може да се случи и друга експлозија која може да исфрли уште поголема количина на радиоактивен материја од јадрото со моќ и до четири мегатона. Според споменатиот експерт Хаверкамп, таа проценка веројатно е претерана, а остатокот од нејзиниот опис исто така не држи вода. Доколу навистина се случела друга експлозија, би било прилично тешко да се предвидат последиците од истата.

Во обид да се спречи експлозијата на која предупреди Комјук, тројца патриотски доброволци нурнуваат во радиоактивната вода со цел да ги отворат вентилите кои треба да ја спречат новата можна катастрофа. Серијата, во овој случај, си дала малку слобода. Според зборовите на еден од тројцата доброволци, Алексеј Ананеко, не волонтирале сите на таа задача. Ананенко бил инженер во погонот кој едноставно бил на должност тој ден кога неговиот претпоставен го вклучил во мисијата. Му било речено дека може да ја одбие задачата, но тој бил единствениот човек во смената кој знаел каде се наоѓаат вентилите, па единствен избор му бил да се придружи на тимот за таа задача.

Во еден од комичните моменти од серијата, рударите кои копаат тунел под третиот блок се соблекуваат целосно голи поради големата жештина на која работат. Можно е тоа навистина да го направиле неколкумина рудари, но дури и самиот автор на серијата, Крег Мазин, вели дека постојат неколку различни тврдења за тоа колкумина од нив навистина се расоблекле голи.

Еден од изворите кои ги користел Мазин за серијата била книгата „Полноќ во Чернобил“, базирана на стварните приказни за несреќата која ја составил новинарот Адам Хигинботам. Во интервју за Inverse, Хигинботам открива дека серијата го преувеличува негирањето и одложувањето на одговорот на советската влада.

Неговата книга опишува дека истрагата за Чернобил започнала речиси веднаш, и тоа на неколку фронта. Во рок од 36 часа од експлозијата, експертите за нуклеарни реактори отпатувале од Москва во Чернобил, па можеле веднаш да го идентификуваат најверојатниот причинител на експлозијата и несреќата. Оттука, како што вели Хигинботам, немало потреба од свиркач кој ќе ги открие причините за катастрофата, но подигнувањето на свеста за проблемите кои довеле до хаваријата во Чернобил пред советските научници ставиле неколку години напорен труд и истражувања.

Пријателството кое се развива меѓу Борис Шчербина, претседател на чернобилската комисија, и Валериј Легасов, главен научен истражувач, е измислено. Сцените со нив двајца покажуваат како нивниот однос и зближување растат, но нема докази дека било која од тие сцени било кога се случила.

Легасов, исто така, не бил баш маченичка фигура во целата приказна за Чернобил, како што го опишува Џеред Харис, кој го подигнува гласот на Горбачов и отворено го оспорува првиот човек на КГБ. Немаме причина да мислиме дека судењето на Дјатлов и другите двајца управители на централата вклучувало било која од театралните сцени во завршницата, кога Легасов ја осудува владата на СССР во соба полна со владини челни лица и функционери.

Легасов извршил самоубиство две години после нуклеарната катастрофа во Чернобил, оставајќи проштално писмо во кое размислува за ликвидациските напори кои ги иницирал. Но, во прошталната порака го нема прашањето „Која е цената на лагата?“, како што беше прикажано во серијата. Ниту пак ги има размислите за апстрактните прашања за значењето на вистината.