Home Актуелно 12 пратеници со иницијатива за модел со една изборна единица

12 пратеници со иницијатива за модел со една изборна единица

12 партиски пратеници и еден независен пратеник во македонското Собрание оформија Иницијатива за изборен модел со една изборна единица. Тие одржале во Клубот на пратеници на 11 септември кога и ја формирале групата и нивната цел да се залагаат за пропорционален изборел со една единица.

„Како пратеници од Иницијативата бараме да бидеме вклучени во процесот на измена на Изборниот законик, на кој сме обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори“, наведуваат пратениците во заедничкото соопштение.

Tие денеска писмено побарале состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

„Цениме дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел. Речиси две децении, од 2002 година досега, во Македонија на сила е пропорционален изборен модел со шест изборни единици. Тоа е доволен период за да може да се видат и анализираат позитивните и негативните ефекти од него. Тој беше секако подобар од претходниот мнозински изборен модел, зашто обезбеди поправичен избор на пратеници според бројот на гласови на гласачите. Сепак, распределбата на остатокот од гласовите од листите кои не обезбедиле мандат, преку Донтовиот метод, оди во прилог на најголемите субјекти“, пишуваат пратениците од Иницијативата.

Најголемиот недостаток на постоечкиот модел, според нив, е ограничувањето за листи на партии или поединци да обезбедат мандат, доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица.

„Така се случуваше да отпаднат листи кои на ниво на цела држава имаа 30-40.000 гласови, а во Парламентот да може да влезат, со мали исклучоци, само неколку поголеми партии“, велат пратениците.

Иницијативата е поднесена од: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…